Владата на седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки.

Со оваа Одлука се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со следните стоки: леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло); брашно од пченица– тип 400; шеќер бел конзумен; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо; сувомеснати производи – салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и говедско), виршли (пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив; сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо; урда кравја; македонски ориз бел; јајца од кокошка и шпагети и макарони од мека и друга пченица.

Според одлуката, највисоката трговска маржа за опфатените стоки за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 4% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 3% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.Утврдена е највисоката маржа за основните производи како и листата на производи без трговска маржа



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2022 05:57