Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ најавува дека од седум часот ќе го прекине железничкиот сообраќај.
Причина за бојкотот на работата, како што вели претставникот на машинскиот персонал Душко Чакаровски, е неисплатениот надомест за материјални трошоци што требале да го добијат заклучно со денеска.
Според Чакаровски, бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.