Новата историска ТВ-серија на Нетфликс, „Викинзи: Валхала“ за кратко време стана најгледаната серија на популарната стрим-платформа.

Се работи за нова приказна заснована на серијата „Викинзи“, сместена на почетокот на 11 век, којашто го следи животот на некои од најпознатите Нормани – Леиф Ериксон, неговата сестра Фрејдис Ериксдотер и амбициозниот нордиски принц Харалд Сигурдсон. Новата историска серија е на врвот на светската листа најгледани серии на платформата. Од Нетфликс се задоволни од резултатите, па веќе ја подготвуваат и втората и третата сезона. Креаторот на серијата Џеб Стјуарт потврди дека снимањето на втората сезона веќе е почнато.

– Приказните за Леиф, Фрејдис, Харалд, Олаф, Кануте и останатиот дел од нашата неверојатна екипа се тајна. Можам без двоумење да кажам дека нивните патувања ќе бидат уште повпечатливи од она што сте го виделе досега!, изјави Стјуарт.

За две недели, гледачите минале повеќе од 113 милиони часови гледајќи ја „Викинзи: Валхала“. На второ место е серијата „Замислувајќи ја Ана“ (Inventing Anna) – со 77,5 милиони часови гледање на светско ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2022 15:57