„Моќта на кучето“ (Тhe Power of the Dog) e најдобар филм (вкупно две одличја од осум номинации), а „Белфаст“ најдобар британски филм за изминатава година, според признанијата на годинашното 75. доделување на наградите на Британската академија за филм и телевизија – БАФТА.

„Дина“ (Dune) доби најмногу – пет статуетки од можни 11 номинации, и тоа за најдобар звук, визуелни ефекти, сценографија, оригинална музика и кинематографија. Најдобар режисер е Џејн Кемпион („Моќта на кучето“).

Наградите за најдобра машка и женска главна улога отидоа кај Вил Смит („Кралот Ричард“) и Џоана Сканлан („По љубовта“).

Најдобра машка и женска споредна улога: Трој Коцур („Кода“) и Аријана Дебоус („Приказна од западната страна“).

Најдобро оригинално сценарио: Пол Томас Андерсон за „Ликорис Пица“.

Најдобро прилагодено сценарио: Сијан Хедер за „Кода“.

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Вози го мојот автомобил“.

Најдобар анимиран филм: „Енканто“ („Encanto“, „Шарм“).

Свеченоста на 75. доделување на наградите „БАФТА“ се одржа синоќа во „Ројал Алберт хол“ во Лондон. Водителка беше австралиската глумица и комичарка Ребел Вилсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2022 15:15