Оргaнизација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите денеска организира настан во Скопје во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“.
ОПМ заедно со партнерите, Асоцијација за развојни иницијативи- ЗЕНИТ, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО и Стопанска Комора за мал бизнис го спроведува овој проект, кој е финансиран од Европската унија.