Музејот на Народна банка на Република Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен.

Во интервју за независната платформа Умно.мк, раководителката на Музејот, Катерина Христовска вели дека и покрај ограничувањата и протоколите воведени поради коронавирусот, посетителите успеваат да одвојат време и да го посетат Музејот.

– Во оваа, јубилејна дваесетта година од нејзиното постоење, тоа е добра и одважна порака, не само спроти пандемијата, туку и во врска и со многу други состојби имплицирани од „духот на нашето време“. Придобивање на интересот на поединецот за музеите е навистина важен успех насреде оваа огромна продукција на информации, кои сè почесто конзумерски вреват, а сè помалку звучат, вели Христовска.

Посетата на Музејот е во времетраење од 30 минути, а достап и се и групни посети со претходно задолжително закажување.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2022 12:08