Две компании од индустриските зони побарале да им се овозможи фирмите ќерки од Украина целосно да ги преселат во земјава. Како што информира денеска директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Јиван Деспотовски, доколку нема промена во ваквото барање за кое е разговарано со компаниите пред околу две недели, трансферот на капацитетите би се реализирал брзо, за три до шест месеци.

Според Деспотовски, се зголемува и интересот странските инвестиции кои првично биле планирани за Централна и Источна европа, сега да се префрлат во Македонија.

-Воопшто не се радуваме за вакви инвестиции, но ќе излеземе во пресрет. Компаниите немаат никакви посебни побарувања, напротив само практични, истакна Деспотовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2022 15:30