Бен Афлек во новиот филм глуми покрај својата поранешна девојка Ана де Армас. Се работи за еротскиот трилер „Длабока вода“ (Deep Water), којшто излегува денеска.

Поранешните љубовници во вистинскиот живот, вo филмот глумат двојка во „неконвенционален брак испреплетен со еротика и психо-насилствени игри“, како што гласат критиките. Сценариото на Зак Хелм и Сем Левинсон е засновано на романот на Патриша Хајсмит, а режијата е на Адријан Лајн.

Афлек и Де Армас ја прекинаа својата едногодишна врска пред нешто повеќе од една година, а тој денес е во врска со Џенифер Лопез.

По првите киноприкажувања низ САД, филмот на ИМДБ доби првична оценка – 5,6 / 10.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2022 00:27