Вкупните депозити во февруари се зголемени за 6,1 процент на годишна основа што се должи на зголемените депозити и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, но со поголем придонес на домаќинствата. На месечно ниво се бележи пад од 0,4 проценти како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор и умерениот раст на депозитите на домаќинствата.

Кај кредитите се бележи раст од 8,9 проценти на годишно ниво како резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, но повеќе изразено кај корпортивниот сектор. Кај кредитите има зголемување и на месечно ниво од 0,9 проценти.

Потрошувачките кредити за физичките лица се зголемени за 7,2 проценти на годишно ниво, а станбените кредити за 15,5 проценти. Намалување има кај автомобилските кредити од 15,6 проценти и кај кредитите одобрени на кредитни картички за 5,7 проценти на годишно ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2022 16:01