„Skill4FutureWeek”:Патот кон транформациски промени“ е насловена тридневната конференција што почнува од денеска во Скопје, во рамки на проектот „Премостување на јазот кај дигиталните вештини за создавање нови и подобри работни места“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.
Најавени се обраќања на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и на Армен Григорјан, постојан преставник на УНДП во државата, Менсур Диаје од Централата на УНДП во Њујорк и Џулија Смит, заменичка амбасадорка во Британската амбасада во Скопје.
Во тек на проектот, во изминатите две години околу 400 професионалнци од индустријата, практичари и студенти поминаа обуки за нови вештини поврзани со новите технологии и користењето на модерните софтверски решенија важни за градежништво, текстил и обновливи извори на енергија организирани од новоформираниот Центар за нови вештини #SkillsNext при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.