Откако утрово голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи, од КАМ маркети соопштија дека се работи за редовна контрола.

„Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работиза редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење“, велат од КАМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2022 02:48