Финансиската едукација е клучот за успешна економија, бидејќи колку финансиски пописмени се граѓаните, толку подобри финансиски одлуки ќе носат и со тоа придонесуваме за подобри економски резултати во целост, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими на „Фејсбук“ по предавањата пред студенти од „Американ колеџ“ и Државниот универзитет во Тетово.

Предавањата се дел од одбележувањето на „Глобалната недела на парите“ на тема „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“.

– Предавањето беше навистина интерактивно и студентите со своите мислења, ставови и прашања придонесоа кон конструктивна дискусија за Буџетот, економскиот развој и активностите на Министерството за финансии. Сакам да се заблагодарам до сите студенти, прекрасно беше да се дебатира со млади луѓе кои сакаат да научат повеќе и да ги прошират своите видици, напиша Бесими. Министерството за финансии е член на телото за финансиска едукација и континуирано презема активности за финансиска едукација на населението.

Министерот, како што наведува во фејсбук-статусот, целосно ја поддржува иницијативата за финансиска едукација и затоа се приклучува кон кампањата со свои предавања за Буџетот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2022 17:32