Модниот гигант „Луј Витон“ претстави нова колекција накит, па предизвика гнев кај обожавателите кои тврдат дека симболот потсетува на оној на агресијата на Русија врз Украина – буквата „Z“.

Француската модна куќа на Инстаграм ја претстави унисекс-колекцијата „LV Volt“, со познати личности како лица на брендот. Меѓу нив се раперот Кид Куди, глумицата Џин Чен и Алиша Викандер. Иако се решија, како и обично, со стилизирано преплетување на буквите „L“ и „V“, тие сега постигнаа спротивен ефект бидејќи тоа многумина ги асоцира на „рускиот воен симбол“, па луто одговорија во коментарите потоа. За некои, тоа е дури и „срамен“ потег.

„Модата не може да произлезе од војна! Буквата ’Z‘ е симбол на руската агресија против Украина“, „Дали сте сериозни!?“, „Веќе гледам дека ова ќе биде еден од најлошите маркетиншки неуспеси ширум светот“ – гласат дел од коментарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2022 12:48