Американскиот глумец Алек Болдвин и неговата сопруга, јога-инструкторката Хиларија го очекуваат нивното седмо заедничко дете. Инаку, тоа ќе биде негово осмо дете, бидејќи со Ким Бесинџер ја имаат ќерката Ајрланд Болдвин.
– По многу подеми и падови изминатите неколку години, имаме причина за возбуда и големо изненадување… Уште едно „Болдвинито“ доаѓа оваа есен. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно, но бевме и повеќе од среќни со ова изненадување. Го споделувам со Вас мигот и, како што гледате, децата се многу возбудени, напиша Хиларија.
Двојката ја потврди веста и за „Пипл“.
– Една од најубавите работи што нашите деца ги доживеале со ова големо семејство е тоа – како љубовта се зголемува со секој нов член на семејството. Нашиот капацитет за љубов продолжува да се шири и едвај чекаме да го гушнеме новото бебе есенва, соопштија тие.