Ѕвездата на „Основен инстинкт“ и „Специјалист“, Шерон Стоун ќе ја портретира злобната Викторија Корд во суперхеројскиот филм на режисерот Анхел Мануел Сото – „Сина бубачка“ (Blue Beetle), којшто ќе се појави во американските кина следната година.
Филмската ветеранка, која е среде седмото десетлетие од својот живот, и претходно се појави во остварување на продукцијата „Ди-си комикс“, и тоа како злобната богаташка од козметичката индустрија, Лорел Хедер во „Жената-мачка“ (Catwoman).
Според ИМДБ, во филмот од мексиканско-американска продукција, ќе глумат и Харви Џулиен, Чоло Маридуења и други, а премиерата е закажана на 18 август 2023 година.