Во 2021 година се произведени 326 523 илјади литри кравјо млеко, што е за 19.4 % помалку во однос на 2020 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување , пак, на производството во 2021 година е забележано кај овчото млеко за 29.3 % и кај козјото млеко за 6.2 %.

Вкупното производство на месо е зголемено за 4.6 %.

Од другите добиточни производи во 2021 е евидентирано зголемено производство на волна и намалено производство на јајца.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 16:51