Чешки професор е убиен денеска со мачета во средно училиште во Прага, а напаѓачот, кој побегнал од местото на злосторството, е уапсен, соопшти полицијата.

Директорот на училиштето изјавил, според пишувањата на медиумите, дека напаѓачот бил ученик од истото училиште.

„Ученик околу пладне со мачета нападнал професор. За жал, професорот починал од повредите на местото на несреќата“, соопшти полицијата на Твитер. Напаѓачот ја оставил мачетата на местото на злосторството и побегнал.

Во потрагата по осомничениот биле вклучени стотина полицајци и хеликоптер.

„Полицијата го уапси осомничениот“, изјави подоцна министерот за внатрешни работи Вит Ракушан



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 21:30