Авганистанската економија ризикува да падне во „спирала на смртта“ без итна помош, при што некои Авганистанци веќе се принудени да ги продаваат своите деца и делови од телото за да преживеат, изјави деенска шефот на ОН, Антонио Гутереш.

ОН постигнаа помалку од 13 отсто од целта за собирање средства од 4,4 милијарди долари за Авганистан оваа година, рече генералниот секретар на виртуелната конференција на донатори, чиј кодомаќин беа ОН, Велика Британија, Германија и Катар.

„Богатите, моќни земји не можат да ги игнорираат последиците од нивните одлуки врз најранливите“, рече тој, откако западните земји се повлекоа од Авганистан минатата година и им дозволија на Талибанците да се вратат на власт.

Оттогаш, меѓународната заедница замрзна речиси 9 милијарди американски долари авганистански средства во странство. Гутереш ги осуди активностите на талибанците, вклучително и забраната за средно образование на девојчињата.

-Странските донатори не смеат да го напуштат авганистанскиот народ, предупреди Гутереш, нагласувајќи дека околу 95 отсто од Авганистанците немаат доволно за јадење, а девет милиони се во опасност од глад.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 21:33