Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубљи за испорака на гас од април.

„Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубљи. Токму од тие сметки ќе се вршат плаќања за испорачан гас почнувајќи од утре, 1 април“, нагласи Путин во телевизиска изјава.

Тој додаде дека дека додколку нема уплати тоа ќе предизвика „стопирање на постоечките договори“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 21:33