Велика Британија и нејзините сојузници се согласија да испратат повеќе смртоносно оружје во Украина за да и помогнат да се одбрани од рускиот напад, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Волас.

– Ќе има повеќе помош што вклучува смртоносно оружје што ќе пристигне во Украина, бидејќи одредени земји одговорија или со нови идеи или ветија повеќе пари, изјави Волас по конференција на која беше домаќин на повеќе од 30 меѓународни партнери.

Тој додаде дека помошта вклучува артилерија со голем дострел, муниција и поголемо количество противвоздушно оружје.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 22:18