Директорот на ЦИА Вилијам Барнс е позитивен на денешниот тест за Ковид-19 еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти разузнавачката агенција.

Брнс носеше маска N-95 на неговиот состанок со претседателот и одржувал физичко растојание.

– Нивната интеракција не се смета за близок контакт како што е дефинирано со упатствата на ЦДЦ, а директорот Барнс ја сподели информацијата за неговиот позитивен тест поради транспарентност, се вели во соопштението на ЦИА.

Барнс (65) е вакциниран со три дози против Ковид-19



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 22:19