Британскиот министер за одбрана Бен Валас во интервју за Скај Њуз ја коментираше војната во Украина при што рече дека рускиот претседател Владимир Путин „повеќе не е онаква сила каква што бил“.

– Тој сега е човек во кафез што самиот го изгради. Неговата армија е исцрпена, тој претрпе значителни загуби. Угледот на големата руска армија е уништен, рече Валас.

– Не само што мора да живее со последиците од она што и го прави на Украина, туку мора да живее и со она што и го направи на сопствената армија, рече Валас, додавајќи дека се чини оти руската војска се прегрупира и се фокусира на источна и јужна Украина.

– Го видовме тоа и претходно. Секогаш завршува уште полошо. Одат на уште повеќе напади врз цивили и цивилни области, рече британскиот министер.

Тој додаде дека се договорил со меѓународните сојузници да испрати повеќе воена опрема и оружје во Украина, вклучувајќи оклопни возила, артилерија со долг дострел и муниција.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2022 09:45