Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави денеска дека западните земји ќе продолжат да плаќаат за рускиот гас во евра или долари и покрај заканата на Кремљ дека ќе го прекине снабдувањето доколку не се плаќа во рубљи.

„Ги разгледавме договорите за испорака на гас“, изјави Шолц во Берлин.

„Во нив се вели дека плаќањата се вршат во евра, понекогаш и во долари… и јас во мојот разговор со рускиот претседател јасно кажав дека тоа ќе остане така“.

Шолц имаше вчера телефонски разговор со Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2022 10:07