Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдаи на социјалните мрежи објави дека во град Северодоњецк е под напад на руските сили и оти горат десет облакодери.

Тој додаде дека нема информации за жртвите.

Северодоњецк е привремено седиште на регионалната власт на Луганск, откако истоимениот град е под контрола на проруските сепаратисти.

Северодоњецк, кој пред војната имаше повеќе од 100.000 жители, е најисточен град под контрола на украинската армија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2022 16:01