Жител на најјужната индиската сојузна држава Тамил Наду, еден ден по „неговиот погреб“, се вратил дома. Тоа, секако, било шок за семејството.

Марти, 55-годишен фармер, отишол во друг град за да бере шеќерна трска. Неколку дена не исконтактирал со своите роднини и не се вратил. Набргу потоа, близок роднина го известил семејството дека маж е пронајден мртов близу околната автобуска постојка. Синот на Марти „го препознал“, како што извести полицијата регистрирајќи го настанот пред да го предаде телото на семејството.

Ден по погребот, Марти неочекувано се вратил жив дома.

„Не можевме да им веруваме на своите очи кога влезе во куќата. Сите бевме шокирани!“, велат домашните на човекот.

Марти и семејството сѐ уште не знаат кого закопале. Полицијата поведе истрага за вистинскиот идентитет на закопаниот маж.

Инаку, претходно светските медиуми објавија дека жители на градот Мтата, Јужна Африка, по грешка погребале туѓинец наместо нивниот исчезнат син, кој се вратил четири месеци по погребот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2022 11:37