Борбата против корупцијата е феномен што не се решава преку ноќ. Потребен е сеопфатен пристап, зајакнување на меѓуинституционалната и регионалната соработка, како и јакнење на капацитетите за борба против оваа појава. Неопходно е и кадровско и финансиско јакнење на институциите за борба против корупцијата, со цел да се постави солидна основа и за поефикасна регионална соработка.

Ова го истакнаа учесниците на втората сесија „Јакнење на меѓувладината соработка во борбата против корупцијата“ во рамки нарегионалниот форум „Борбата против корупцијата: Западниот Балкан во фокус“, што се одржува на иницијатива на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ).

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу истакна дека проблемот со борбата против корупција не се решава преку ноќ бидејќи овој феномен е постојан.

– Цврсто сме посветени во нашите заложби во борбата против корупцијата бидејки граѓаните заслужуваат демократија и европски стандарди. Извештаите на ЕК не мотивираат во напорите да продолжиме во оваа област. Македонија доби признаени во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Работиме на зајкакнување меѓуинституционалната соработка, како и на дигитализација на институциите. Македонија е една од првите земји потписнички на договорот за размена на податоци за имотната состојба, што ги потврдува нашите ангажмани во борбата против корупцијата и за зајакнување на соработката во регионот и пошироко, рече Нухиу.

Тој повтори дека борбата против корупцијата останува стратешки приоритет на државата и потребно е да се изгради систем што ќе има правила и дисциплина, систем во кој институциите ќе бидат функционални и во служба на граѓаните.

– Повикувам на заеднички акции, поставување синергија меѓу акциите за надоврзување и пристап за зајакнување на капацитетите и обезбедување услови и ресурси што се потребни, првенствено на национално ниво за борба против корупцијата и организираниот криминал, рече Нухиу.

Министерот за правда на Албанија Улси Мања рече дека новото правосудство во Албанија веже почнало да ги дава првите резултати.

– Новите правосудни органи и новата правда во Албанија почна да се спроведува, како и да ги дава првите сигнали за извршување на работите за лицата кои ги злоупоребуваат јавните фондови и јавните набавки. Првите резултати во борбата против корупоцијата за новото праосудство во Албанија се предизвикувачки. Борбата против корупцијата не треба да има препреки и треба да сме без комплекси, не треба да биде срам за нас кои сме одлучиле да се бориме против овој феномен, рече Мања.

Според него, борбата против корупцијата треба да се развие на сите нивоа и таа ќе биде успешна кога сите агенции и инстуции се вклучени во тоа.

– Најкорумпираните лица денес се пред новото правосудство и така ќе биде и понатаму, имаме и други инструменти. Во октомври 2021 година почна со работа Директоратот против корупција, со јасна цел дека секој што прави злоупотреби во јавната администрација, без разлика на стореното кривично дело, треба да се соочи со правосудството и да се откаже од функцијата, рече Мања.

Тој оцени дека се уште е тешко да се создаде доверба меѓу граѓаните и правосудството и Албанија има уште долг пат да изоди на тој план, но доколку граѓаните гледаат дека постои одлучност, посветеност и конкретни чекори за службениците кои злоупотребуваат, тие за брзо време ќе станат соработници во борбата против корупцијата.

Косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, истакна дека организираниот криминал и корупцијата го спречува развојот на државата, штети на економијата и на интересите на граѓаните.

Таа посочи дека Косово презема повеќе иницијативи и работи на предлог-закони за поефикасна борба против корупцијата.

– Како влада настојуваме да имаме систем во кој ќе делуваат јавни обвинители судии кои не се корумпирани и кои имаат највисок морален интегритет, како и храброст да се борат пртив ова зло и ќе бидат бескомпромисни во борбата против корупцијата, рече Хаџиу.

Бојан Божовиќ, државен секретар во Министерството за правда на Црна Гора, истакна дека регионалната соработка е неопходна за борбата против корупцијата во овој дел на Европа, додавајќи дека Владата на Црна Гора го усвои патоказот за борба против организираниот криминал и корупцијата.

– Новиот закон за одземање имот е подготвуван во соработка со европските експерти и се надеваме дека овој месец ќе добиеме конкретни коментари од европските партнери, по што во кус рок во Парламентот на Црна Гора ќе добиеме политичка поддршка овој закон да се усвои и применува. Подготвен е и нов закон за лобирање и тој закон е испратен до ЕК. Иако овој закон не спаѓаше во „акито“, сметаме дека мислењето на европските колеги е важно и во поглед на овој закон, рече Божовиќ.

Божовиќ нагласи дека обврска на Владата на Црна Гора е финансиски и кадровски да ги зајакне институцвиите во борба против корупцијата, со цел таа да се подигне на повисоко ниво, бидејќи, посочи, само на тој начин можеме да воспоставиме основа за подобра регионална соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2022 13:33