Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на својот фејсбук профил објави дека во текот на учеството на Делфи економскиот форум се сретнал со менаџментот на Гастрејд и оти разговарале за текот на развојот на терминалот за течен гас во Александропули.

-Пред само неколку недели беше потпишан договор помеѓу ЕСМ и Гастрејд, кои ќе бидат партнери во терминалот за течен гас во Александруполи, напиша Битиќи, истакнувајќи дека реализацијата на овој проект, кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија за природен гас и за кој Европската комисија одобри поддршка, обезбедува ефикасна интеграција со други важни проекти за инфраструктура на природен гас на регионалниот пазар.

Ова, истакнува, ќе значи потенцијално зголемување на капацитетот за дотур на гас во земјава и би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2022 12:04