По повод Меѓународниот ден на Ромите денеска во галеријата „КО-РА“ ќе биде отворена изложбата „IDENTITETO“ од Даниел Петровски, етнолог и атрополог.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии, видеа и објекти со цел да се долови културата на живеењето, обичаите и традицијата на Ромите.

Изложбата ќе биде отворена до 13 април, а е организирана од Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ и Здружението на љубителите на ромската фолклорна уметност „Романоило“ со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2022 09:02