Конференција на тема „Нутриформ етикетирање: Формула за одговорно информирање на потрошувачите“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Едукативниот центар М6, во соработка со Италијанската амбасада во Македонија и Италијанската трговска агенција Скопје (ИТА).
Нутриформ е метод за етикетирање кој дава информации за хранливата вредност на храната. Тоа е италијански модел, а има за цел да им обезбеди на потрошувачите јасни и целосни информации за хранливата вредност на производот, со што ќе ги информира за неговата содржина, што им овозможува разумно да ја изберат храната што ја консумираат.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски на конференцијата ќе ја презентира законската рамка и состојбата со означувањето на храната во Република Македонија.
Најавено е присуство на експерти од Италија и Македонја, кои ќе дискутираат за предностите на италијанскиот модел, како и можноста за негово имплементирање во Македонија.
Конференцијата ја организира Едукативниот центар М6 во соработка со Италијанската амбасада во Македонија и Италијанската трговска агенција Скопје (ИТА).