Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска ќе одржи работна средба со претседателите и потпретседателите на Регионалните комори при Стопанската комора.

На средбата, како што соопшти Стопанската комора, согласно видувањата и сознанијата за состојбите во компаниите од регионот кој го претставуваат членките, се очекува претставниците да ги изнесат изградените ставови, предлог мерки или аргументирани забелешки, со цел заедничко постапување по нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2022 08:43