Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети компанијата „Костал” во Охрид каде што од раководството ќе биде запознаен со тековните предизвици и идните планови.

Од Владата најавија дека по посетата изјави ќе дадат вицепремиерот Битиќи, заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, главниот оперативен директор и член на УО на Костал, Хансјорг Херман и генералниот директор на „Костал” Македонија, Виктор Мизо.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2022 10:34