Во насока на согледување на економските состојби во стопанството и поддршка на извозните активности на компаниите членки, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, со дел од менаџерскиот тим, денеска ќе ја посетат компанијата Гранд Експорт („Grand Foods Corporation“) во Скопје.
Станува збор за домашна компанија со капацитет од 200 илјади производи на ден под брендот „Busto“.
– Иновативната технологија, инвестирањето во автоматизирано производство и стручниот кадар ја позиционираат фабриката како една од најголемите во Европа со максимална извозна ориентираност, соопштија од Стопанската комора.