Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Дебар во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар во текот на вчерашниот ден ги лишиле од слобода Б.Л. (19) и малолетник, двајцата од Дебар.

Како што информира МВР, при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Осомничените биле приведени во ОВР Дебар и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена кривична пријава, се додава во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2022 10:58