И порано имало милионски добивки, но изминатиот викенд вистинско изненадување приреди играчот во обложувалницата на Sport Lifeво Влае. Со тикет од само 20 денари и 27 пара, успеа да ги погоди сите и да обезбеди неверојатна добивка од 2,5 милиони денари или поточно околу 40.000 евра.

Среќниот, но и вешт играч, одиграл27 фудбалски натпревари од различни првенства, од кои дури 24 на конечен тип, а три се погодени на други игри за вкупен погоден коефициент во износ од 70.039. Така, со 20 денари остварил добивка од 1,4 милиони денари,но со бонусот Фибоначи , остварил плус 1,1 милиони денари, за да стане двоен милионер на Sport Life.

Изборот на натпревари и игри, од различни првенства му донесоа покрај висока добивка и многу неизвесности и возбуда. Така на пример на два меча, головите за победа паѓаа во 96-тата минута, а на друг во 98-та минута. На мечот пак во Италија меѓу Модена и Имолезе, победничкиот гол е постигнат од голманот и тоа од 80 метри, во 91-та минута од мечот.

Покрај мечевите од пониските лиги на Англија, Белорусија, Бразил, Шпанија, Чешка и други, му се погодиле и мечевите од Бундеслигата. Еден по еден, сите 27 меча оделе во негов прилог, така во еден викенд, уплаќајќи рано в сабота, веќе во утринските часови во недела ја остварил целта. Со среќа нека му е добивката и добиениот бонус!

Махерот на колото со „20-че“ лапна 2,5 милиони денари во Sport Life (Фото)


Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2022 16:10