Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе ја посетат фабриката за производство на масло за јадење „Кристал“ во Велес.
Двајцата министри, како што информираат од Министерството за економија, ќе остварат средба со менаџментот на компанијата.