Полицијата вчера го лиши од слобода 26-годишниот скопјанец С.К., кој бил баран со потерница од Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од три години.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, по лишувањето од слобода лицето е спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.