Пронајдена е стара граната при извршување одредени зафати на новиот кружен тек во Дебар, што се гради во близина на општата болница.

Експлозивната направа е пронајдена при ископ заради замена на водоводна цевка кај кружниот тек кој е во изградба.

– Гранатата, која најверојатно е заостаната од Втората светска војна за среќа не експлодира. Веднаш беа известени надлежните органи кои ги презедоа потребните активности, информираа од Јавното комунално претпријатие „Стандард”.

Инаку, на кружниот тек, што е трет во градот работите се одвиваат непречено, а вчера се вршело замена на постојната Ф-90 цевка, која била амортизирана и причина за чести дефекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 10:13