Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска ќе соопштат детали во врска со објавувањето на петте јавни повици од Програмата за рурален развој.

Како што информира МЗШВ, станува збор за јавните повици за „Рурална жена“, за набавка на трактори, за набавка на силоси за жито, за набавка и опремување мандри и за набавка на опрема за производство на тутун.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 10:23