Полициски службеници од СВР Велес во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода велешанецот У.Ф. (32).

Како што се наведува во соопштението на МВР, тој се сомничи дека извршил две кривични дела „разбојништво“ и во куќи на улиците „Вера Циривири“ и „Благој Нечев“ во Велес.

Во соопштението се додава дека со него бил извршен службен разговор и соодветно на документирањето на двата случаи против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 14:14