На потегот од пречистителната станица во кичевското село Зајас, украдени се околу 20 метални капаци од шахтите, информира директорот на ЈКП „Комуналец" – Кичево, Зенел Јонузи.
Тој посочи дека и претходно се соочиле со ваков проблем, но сега штетата е најголема. Јонузи додаде дека полицијата е запознаена со случајот, но нема соодветно решение со кое трајно ќе се реши овој проблем.
Директорот на ЈКП „Комуналец" апелираше до сите граѓани и жители на општината, да не го прават тоа, бидејќи колекторот ним ќе им служи и истиот се гради за нивно добро и нагласи дека досега само по тој основ на овој крак од колекторскиот систем направена е материјална штета од над 5000 евра.