Официјалниот фотограф на Емануел Макрон објави неколку фотографии од „зад кулисите“, и тоа пред вториот круг на претседателските избори во Франција. На една од сликите сегашниот претседател позира во лежерно издание со раскопчана кошула, а во преден план се неговите влакнестите гради…

Според некои медиуми, Макрон со ова сака да ги привлече младите гласачки и гласачи, кои во првиот круг најмногу ја поддржаа неговата противкандидатка, десничарската политичарка Марин Ле Пен.

„Кој би помислил… Макрон има вистински ‘љубовен тепих’ на градите… Победата сега е загарантирана бидејќи ова го открива неговото тајно оружје во пресрет на конечната пресметка“, „Овие влакнести гради се фотошоп“, „Боже, би можел да наполнам душек со тие влакна“ – се само дел од бројните коментари за сликата.

Имаше и такви кои го споредија францускиот претседател и со Шон Конери или Роже Федерер.

Вториот круг од претседателските избори во Франција се одржува на 24 април.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 16:48