Од вкупно контролирани 54 товарни возила, за претовар на возилото санкционирани се 22 возачи во рамките на акциската контрола на територијата на целата држава што во периодот од 25 март до 19 април годинава ја спроведе Министерството за внатрешни работи за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2022 17:26