Кумановската полиција изрекла 142 санкции за различни групи учесници во сообраќајот, соопшти денеска полицијата.

Во текот на изминатата недела изречени се вкупно 142 мерки, од кои 83 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 24 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола, 14 за пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи, шест санкции за мотоциклисти за неносење заштитен шлем и две санкции за возачи кои управувале нерегистрирано возило.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, повикаа од кумановската полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 14:11