Тетовската полиција информира дека 36-годишник од градот бил приведен откако добиле пријава за физички нападнат од вработен во клиничката болница. Приведениот, според СВР Тетово, агресивно се однесувал и кон полицајците.

-Десетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Г.М., затоа што физички го нападнал В.А.(37) од тетовско село додека бил на работното место во тетовската Клиничка болница и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Приведениот е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера привеле 51-годишник од Ново село на автобуската станица во градот затоа што претходно со остар предмет му се заканил на човек од тетовско Добарце, по нивна претходна вербална расправија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 14:28