Денеска во 08.30 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода С.А.(38) од Пехчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе исушени листови од растението канабис, дробилка, повеќе семки од растението канабис и повеќе стари монети со различна форма и големина.


Претрес во Пехчево, пронајдена дрога и стари монети, приведено едно лице

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 14:41