На 20.04.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Имено, постапувајќи по пријава од 14.04.2022 според која од едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадорот, во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, на 21.04.2022 поднесена е кривична пријава за кривично дело по член 144 ст 3 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2022 15:23