Во дебарското одделение за внатрешни работи приведен е жител на градот поради неовластено фотографирање полициски службеници при превземање дејствија.

– Приведено е лицето А.Д.(34) од Дебар, кој претходно на улица „Вељко Влаховиќ“ во Дебар со неговиот мобилен телефон извршил неовластено фотографирање на полициските службеници, кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Тој информираше дека ОВР Дебар поднело кривична пријава против С.С.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”.

-На 18 месецов при контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „8 Септември“ во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување комбе „Форд“ со гостиварски регистарски ознаки.При тоа утврдиле дека врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен државен орган, рече Димоски. в



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2022 04:14