П.Р.(62) од село Долно Српци во општина Могила, во својство на претседавач на Комисија за избори во месна заедница во село Долно Српци, на 22 април 2022 во 23 часот во СВР-Битола пријавил дека истиот ден околу 20 часот во објектот во селото, каде што се одвивал избирачкиот процес за советници во месната заедница, процесот бил прекинат од група од над 50 лица.
Притоа нему и на останатите членови од избирачката комисија им биле упатени закани и навреди. За настанот бил запознат Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.