Едно лице е убиено, а три повредени во вчерашните пукотници во скопски Чаир.

МВР денеска излезе од официјални информации според кои кај нив вчера околу 21.40 часот било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Браќа Реџепагиќ“ две лица пукале со автоматско оружје.

-Од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22.20 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје.

Од Министерството посочуваат дека на лице место е извршен увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Медиумите претходно објавија дека во нападот убиен е Јонуз Идризи, брат на Камбер Идризи кој исто така беше убиен пред една година.

Камбер беше убиен на 13 мај лани на големиот верски празник Рамазан Бајрам. Камбер беше застрелан околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2022 10:06