Денеска во 11.50 часот на бул. „Видое Смилевски Бато" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(33) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница на Основен Кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2022 13:07